За нас Print


Ависо
е фирма формирана во Јануари 1991 година како фамилијарна приватна фирма. Оттогаш, па се до денес, настојуваме нашите клиенти да бидат задоволни од производите и услугите кои им ги нудиме. Нашиот најголем успех е во тоа што низ сите овие години работење успеаваме да изградиме за себе слика на стабилна компанија која секогаш навреме ги снабдува своите клиенти со потребниот репроматеријал и готови производи.

Кај нас, на едно место може да се најде сé за отпочнување на производство на тоалет хартија, салфети, бришачи  за раце и хартиени хилзни :

- ХАРTИЈА ВО ЏАМБО РОЛНИ (репроматеријал) за производство на тоалет хартија, салфети,  бришачи за раце, марамчиња за нос, хилзни и сл.
- МАШИНИ за производство на тоалет хартија, салфети, хилзни, цик-цак бришачи и бансеци.
- НАЈЛОНСКИ (ПЕ) ВРЕКИ за пакување
- ОМОТ
- ЛЕПАК
- БОЈА за печатење на салфети
- ПИЛИ за бансек

Освен со трговија се занимаваме и со производство на готови производи на салфети, тоалетна хартија, бришачи за раце, хартиени хилзни. Овие производи, освен како стандардни, можеме да ги изработуваме со квалитет каков што бараат купувачите во однос на димензија, тежина  пакување и сл.

Во 2007 година го проширивме нашиот асортиман па сега кај нас можете да се снабдите  и со хартија за печатење во табаци (кунздрук и офсет) како и со  фотокопирна хартија.
Нашата фирма во 2001 година основаше своја фирма во соседна Србија која исто така има свој сопствен деловен објект и каде, исто така, се занимава со трговија со џамбо ролни(репроматеријал) за производство на тоалет хартија, салфети, бришачи , марамчиња за нос и цик цак бришачи.